Обично во мај, повозрасните често знаат да подготват ракија со млади ореви, позната и како ораховка или ореовка.
Старите веруваат дека овој пијалак има лековити дејства, помага при проблемите со тироидната жлезда, го зајакнува имунитетот, а помага и кај анемијата.
Познато е дека младите ореви се богати со витамин Ц и со јод, заради што може да имаат поволно влијание врз тироидната жлезда.
Но пред да почнете да се лекувате сами со овој лек, неопходно е прво да се консултирате со лекар.
Доколку, пак, сакате да имате залиха од овој народен лек, според рецептот на нашите баби, ораховката треба да ја подготвите на следниот начин:
Потребни состојки:
40 млади зелени ореви (со големина од 1-2cm);
1кг шеќер (или мед);
1 литар ракија (грозје или слива);
1 стапче ванила (по желба).
Начин на подготовка:
- Задолжително ставете ракавици, па потоа младите ореви убаво измијте ги и оставете ги да се исушат;
- Поголемите оревчиња се сечат на половинки, а помалите само се засекуваат;
- Се зема една голема тегла и во неа се редат оревите и се додава 1kg шеќер (или исто количество мед);
- Оревот и шеќерот се мешаат, па се прелеваат со ракија и по желба може да се додаде стапче ванила;
- Теглата се затвора и се остава да стои на сончево место 40 дена, а во текот на тие денови секојдневно треба да се протресува;
- По 40 дена, течноста се прецедува низ газа и се собира во стаклени шишиња;
- Се затвора добро и се остава на темно и студено место да отстои уште два месеца, за ракијата да ја добие полната арома