Правила и услови

ПРАВИЛА И УСЛОВИ

Со внесување на Вашата е-маил адреса и со вашата регистрација, Вие се согласувате да добивате известувања за нашите новите промотивни понуди.

Добројдовте на versus.mk веб сајтот. Со негово користење Вие се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се.

За веб сајтот
Versus.mk овозможува интерактивна онлајн услуга преку веб-страната на домеинот versus.mk.

Употребување на сајтот
Како предуслов на сајтот, Вие се согласувате дека:
– Имате најмалку 18 години;
– Не ви е законски забрането да користите одредени услуги и производи;
– Нема да се обидете да вршите било какво дејство врз сајтот за вадење на информации од него како пуштање robots,crawlers;
– Вашето користење на сајтот во секое време ќе биде во согласност со овие Услови на употреба;
– Ќе правите легитимни купувања кои се во согласност со условите дадени во секоја понуда;
– Ќе вршите купувања само за Ваша лична потреба или за подароци за пријатели;
– Ќе оставате точни податоци за Вас во кое било место на сајтот каде оставате податоци;
– Ќе ги променувате податоците за Вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време;
– Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзиното доверливо чување;

Пристап до сајтот
Versus.mk го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на versus.mk, и versus.mk не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако наша цел е да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од наша контрола, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.Versus.mk има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.

Измена на Условите на користење
Versus.mk го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на користење и/или од Политиката за заштита на лични податоци како што смета дека е неопходно или пожелно. Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, додавање на одредени такси или давачки. Ако versus.mk прави било какви суштински промени, ние ќе ве известиме со испраќање на e-mail на e-mail адресата која е регистрирана со вашиот профил и/или со објавување на известување за промена на веб-сајтот. Било какви промени на овие Услови на користење ќе стапат на сила откако претходно ќе ве известиме со испраќање на e-mail до Вас или претходно објавиме известување за промените на нашиот сајт. Затоа Ви препорачуваме да ги пре-прочитате овие важни информации кои ги содржат нашите Услови на Употреба и Политиката за заштита на лични податоци од време на време, со цел да останете информирани за било какви промени. Секое користење на сајтот од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на крајниот корисник на тие измени.

Кодекс на однесување на крајниот корисник
Сите интеракции на сајтот мора да се во согласност со овие Услови на Употреба. Доколку забележиме дека Вашето однесување му попречува или му забранува на било кој друг корисник да го употребува било кој дел од сајтот, може да го ограничиме Вашиот пристап и користење на сајтот.

Следните активности се забранети на сајтот и означуваат кршење и непочитување на Условите на Употреба:

Поставување било каква содржина на сајтот која:
– Ги крши применливите закони ( вклучувајќи,но не ограничено на : закони за интелектуална сопственост,закони кои се однесуваат на заштита на лични податоци и закони на клевета );
– Содржи лични податоци,освен ако ние јасно не побараме од вас такви информации;
– Содржи вируси или лош софтвер кој може да наштети;
– Нуди преземање на заштитени,доверливи и лични податоци;
– Има ефект на наметнување на другите;
– Содржи пораки од неовластени лица од versus.mk, кои наводно зборуваат во име на versus.mk или даваат доверливи информации поврзани со versus.mk;
– Пристапување до податоци кои не се наменети за вас,како и логирање на сервер или профил кои не се овластени за пристап;
– Скенирање или следење на сајтот со цел собирање на податоци, во обид да се прати продажбата,користењето,агрегирани податоци за понудите,информации за цените или слични податоци;
– Сајтот или било која негова содржина за да се рекламира или да се дистрибуира, за комерцијални,политички или верски цели или да се натпреваруваат,директно или индиректно, со versus.mk;

Вклучување во било која од следните активности:
– Упаѓање или попречување на правилното функционирање на кој било дел,страница или област на сајтотот или на било кои функции или услуги обезбедени од страна на versus.mk;
– Препродавање на било кои купувања направени преку сајтот;
– Пристапување,следење или копирање на било која содржина од сајтот,користење на било кој “робот”, “пајак” или други автоматски средства или било кој рачен процес за било каква цел, без наша писмена дозвола;
– Длабоко поврзување со кој било дел од сајтот ( вклучувајки, без ограничување, патека за купување за секој производ) без наша писмена дозвола;
– Поврзување до сајтот од било кој друг веб-сајт без наша почетна и тековна согласност;
– Дејствување незаконски или злонамерно против бизнис интересите или угледот на versus.mk;

Вашата приватност
Сериозно ја сфаќаме безбедноста на Вашите лични податоци. Ве охрабруваме внимателно да ја прегледате Политиката за заштита на лични податоци за да се информирате за важни правила под кои ние може да собираме, користиме и споделуваме лични податоци. Нашата политика за заштита на приватност е содржана во овие Услови на употреба.

Авторски права и трговска марка
Сајтот содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка и други сопственички информации, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео, графика, музика и звук. Се што се наоѓа на овој сајт е во ексклузивна сопственост на Versus.mk и има авторско право над селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината како и во содржината која оригинално ја поседува. Versus.mk има авторско право над фотографиите кои се во негова сопственост, како што се фотографиите кои се фотографираат за целите на понудите од фотографер на Versus.mk.

СЕКОЕ КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУИРАЊЕ, ПРЕНЕСУВАЊЕ, ПОСТИРАЊЕ, ПОСТАВУВАЊЕ ЛИНКОВИ, МОДИФИЦИРАЊЕ, УЧЕСТВУВАЊЕ ВО ПРОДАЖБА, ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН МОДИФИЦИРАЊЕ НА ОВОЈ САЈТ ИЛИ НА БИЛО КОЈ ДРУГ НАЧИН КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА, ДЕЛУМНО ИЛИ ЦЕЛОСНО БЕЗ ИЗРЕЧНА ПИСМЕНА ДОЗВОЛА ОД VERSUS.MK Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО.

Електронска Комуникација
Кога го користите сајтот или испраќате електронски (е-маил) пораки до Versus.mk, Вие комуницирате со нас по електронски пат и се согласувате да примате електронски пораки од нас во врска со Вашата употреба на сајтот. Ние ќе комуницираме со Вас преку е-маил или преку поставување нотификации или коментари на сајтот. Вие се согласувате дека сите спогодби, забелешки или друга комуникација која ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ. Известувања од нас ќе се сметаат за уредно доставени на денот на испратената електронска порака од наша страна, на Вашата е-маил адреса која сте ја оставиле на Вашиот профил или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација со Вас.